Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Вардар гостува кај КК Куманово
Вардар гостува кај КК Куманово

Вардар гостува кај КК Куманово

Викендов во најквалитетната машка кошаркарска конкуренција, Првата лига ќе се одигра новото, петто коло. Во истото црвено-црните момци на Радуловиќ ќе гостуваат во Куманово кај истоимениот машки кошаркарски тим од тој град. 

Натпреварот кој ќе се игра во салата „Перо Наков”- Куманово е закажан за во сабота,(09/11/2019) со почеток од 17-00 часот. Судиската правда ќе ја делат: Златевски А, Митровски З. и  Панов Т. По четири кола нашиот ривал има половичен успех, впиша две победи и два пораза. Вардарци имаат три домашни порази и една победа, на гостински терен, досега.