Вардар славеше во дуелот против Војводина (26:23) и стигна до петтиот триумф во СЕХА-лигата. Поради отсуството на неколку играчи и повредата на Кристопанс уште на стартот, во продолжение од мечот, Кокшаров во нападот играше со ниска бековска тројка.
Чупиќ, Скубе и Дибиров ја понесоа одговорноста и добро им одеше, со оглед дека тоа не се нивни природни позиции, со исклучок на Скубе.
Ова трио е доказ дека динамитот доаѓа во мал пакет“, напишаа од медија тимот на СЕХА-лигата. Видеото можете да го погледнете на линкот, ТУКА.