Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Акад.Пандев е противник за вардаровите младински екипи во 9.првенствено коло
Акад.Пандев е противник за вардаровите младински екипи во 9.првенствено коло

Акад.Пандев е противник за вардаровите младински екипи во 9.првенствено коло

Во петок и недела, вардаровите екипи ќе го одиграат 9.коло во младинските фудбалски лиги. Пионерските екипи во недела на теренот на Академијата се домаќини на Академија Пандев, додека кадетите и младинците во петок ќе гостуваат во Струмица.

Помладите пионери на Вардар имаат шанса да се вратат на победите, во домашниот дуел против струмичани. После осум одиграни кола, Вардар е втор на табелата со 18 бодови, додека Академија Пандев е на 4.позиција со 15 освоени бодови. Дербито ќе биде во пионерската супер лига, каде се сретнуваат првопласираниот Вардар и второпласираниот тим на Акад.Пандев. Црвено-црните имаат можност со евентуален триумф да се одлепат на пет бодови разлика да се зацврстата на првото место на табелата. Дуелите на пионерските екипи во недела ќе стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Утре во Струмица своите мечеви ќе ги одиграат кадетите и младинците на Вардар. Кадетите се наоѓаат во добра серија од три последователни победи, која ќе се обидат да ја продолжат и на гостувањето во Струмица. Академија Пандев има само еден бод повеќе на табелата од нашите млади надежи. Младинците во минатото коло со триумфот над Њу Старс ја прекинаа серијата од два меча без триумф, па повторно се наоѓаат во ситуација каде можат да се борат за висок пласман во младинската супер лига. Вардар е на 5.позиција со 13 бодови, додека Акад.Пандев е на 7.место со само 9 освоени бодови.

Мечевите во петок се играат во термините од 12:00 и 14:00 часот.