По долга пауза поради расчитувањата на одредени проблеми во македонскиот ракомет, конечно викендов се враќа на сцена младинската ракометна лига. Двата младински тима на РК Вардар ќе одигаат свои мечеви, момците на Будимир и Станковски ги очекува дерби во гости, избраниците на Зоран Петковски се домаќини во „Јане Сандански“. Двата дуела се на програмата во недела.
Младинци гр.1: Металирг2-Вардар Јуниор 10/11/`19, 12:00ч. (с.Автокоманда)
Младинци гр.2: Вардар- РК Јуниор К.В 10/11/`19, 13:30ч. (СЦЈ.Сандански)