Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов: Се надевам дека на крајот Вардар ќе слави, а Карачиќ ќе „плаче“ – Кокшаров: Во нашите мисли е само победа
Стоилов: Се надевам дека на крајот Вардар ќе слави, а Карачиќ ќе „плаче“ – Кокшаров: Во нашите мисли е само победа

Стоилов: Се надевам дека на крајот Вардар ќе слави, а Карачиќ ќе „плаче“ – Кокшаров: Во нашите мисли е само победа

Во сабота не очекува дербито на колото во најсилната група Б. Во С.Ц. Јане Сандански, Вардар ќе ја пречека екипата на Киелце. Денес клубот одржа прес-конференција на која ги сподели очекувањата за овој дуел. На истата присуствуваше тренерот, Едуард Кокшаров кој го изјави следново:

-Не очекува тежок натпревар против Киелце. Имаме ситуација во која, секоја победа не носи напред во групата, додека секој пораз не враќа назад. Иако имаме повредени играчи, подготвени сме за саботниот дуел. Во нашите мисли е само победа, а дуелот ќе покажа што ќе се случи на крајот. Ја пратиме ситуацијата со повредените играчи, а на последниот тренинг ќе одлучиме со кој состав ќе настапиме. Има голема желба кај сите, но ќе одлучиме во последен момент, истакна Кокшаров.

Капитенот Стоилов, истакна дека неговиот тим го очекува тежок натпревар против голем ривал. На крајот истакна дека се надева дека Вардар на крајот ќе слави, и дека Карачиќ ќе биде тој кој ќе „плаче“.

-Киелце е наш голем ривал, нашите мечеви со нив се секогаш тешки и неизвесни. Се работи за незгоден противник. Се наоѓаме во тешка ситуација поради повредени играчи, но наше е да дадеме се од себе, а се надевам дека ќе имаме и голема поддршка од трибините. И Килце нема да биде комплетен, имаат слични проблеми, тоа е борбена екипа која игра до самиот крај. На крај некој ќе плаче. Против нас ќе го имаме Карачиќ, се надевам дека ние ќе бидеме тие што ќе победиме и ќе славиме на крај.

Натпреварот во сабота ќе стартува од 17:30 часот.