Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Гуџуфи постигна два гола, Македонија повторно на пенали ја победи Романија
Гуџуфи постигна два гола, Македонија повторно на пенали ја победи Романија

Гуџуфи постигна два гола, Македонија повторно на пенали ја победи Романија

Избраниците на Драган Канатларовски и по втор пат после изведување на пенали ја совладаа селекцијата на Романија.

Македонската селекција до 16 години го одигра и вториот контролен меч против Романија. Во регуларниот дел дуелот заврши со нерешен резултат 2:2. Двата голови за Македонија беа дело на вардаровиот напаѓач, се работи за Бесар Гуџуфи, кој погодуваше за предност на Вардар, но Романија на два пати го израмнуваше резултатот.

Повторно победникот се одлучуваше на пенали, а посреќни беа Македонија која славеше со резултат 9:8.

Во стартниот состав од вардарци започнаа Давид Љушев, Никола Павлески и Бесар Гуџуфи.