Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кадетите се пласираа во 1/4-финалето на ЕП, Норвешка лесен “плен“
Кадетите се пласираа во 1/4-финалето на ЕП, Норвешка лесен “плен“

Кадетите се пласираа во 1/4-финалето на ЕП, Норвешка лесен “плен“

Со убедливи 86-70 против Норвешка, нашите кадетски репрезентативци се пласираа во четвртфиналните разигрувања на Европското првенство (дивизија Б) кое од деветти август се одигрува во босанската престолнина, Сараево.

Натпреварот го добивме со 16 коша позитива, ние триумфиравме со резултат 86-70 на мечот. На овој дуел резултатот по четвртини изгледаше вака: 9-16, 29-2, 15-28 и 17-20. Нашиот Марко Величковски на овој дуел по претходните тешки мечеви во кои играше една од главните улоги денес доби поштеда. Тој на паркетот мина само 13:40 минути, имаше две асистенции и еден поен.

Кошаркарите од националниот состав до 16 години во рамки на групната фаза запишаа четири победи и само еден пораз, со што се стационираа на второто место на табелата во групата Б и ќе разигруваат против првопласираниот од групата А по еден ден одмор.

ГРУПНА ФАЗА РЕЗУЛТАТИ
МАКЕДОНИЈА – Русија 69-75
Белгија – МАКЕДОНИЈА 68-80
Словачка – МАКЕДОНИЈА 53-76
МАКЕДОНИЈА – Данска 99-89
Норвешка – МАКЕДОНИЈА 70-86

Избраниците на Александар Јованчев се во најдобрите осум екипи на ова првенство од кое првите три следната година ќе настапуваат во првата дивизија.