Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Нов пораз на Вардар во финалната серија
Нов пораз на Вардар во финалната серија

Нов пораз на Вардар во финалната серија

Кошаркарките на Вардар го доживеаа и вториот пораз во финалната серија против тимот на Бадел. Вчера нашите девојки како домаќини беа високо поразени од тимот на Бадел со резултат 45-78. Со овој пораз, Вардар си ги сведе шансите за титулата скоро на минимум.

Уште една победа им е потребна на кошаркарките на Бадел да се промовираат во старо-нови шампиони на Македонија. Нашите девојки иако загубат, оваа сезона ќе биде одлична за нив, со оглед на фактот дека го освоија Купот на Македонија по подолга пауза.