Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов му го честита на Вардар освоениот сребрен медал во ракометната Лига на шампиони.
„Сакам да ви честитам на играта што ја покажавте, и на максималното залагање на денешниот натпревар. Македонија е со вас и кога победувате и кога губите. Ова е голем успех, и за вас, и за Вардар, и за сите нас. Бидете горди на тоа. Ви посакувам успех на целиот тим и во иднина. Поздрав до сите“, се вели во честитката упатена до ракометниот клуб Вардар.