Викендов на програмата е 2.коло во Македонската кугларска лига. Во истото екипата на КК Вардар е домаќин на тимот на КК Империал Тобако ТКС. Натпреварот првично беше закажан за на 14 октомври, сабота, но истиот доби нов термин поради зафатеноста на кугланата ВИП при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје.
Дуелот на црвено-црните и ривалот од Скопје кој се ќе се игра на патеките 5-8 во ВИП кугланатa ќе се одржи во понеделник, 16 октомври. Истиот е закажан со почеток во 19-00 часот. Bо првото коло избраниците на Драги Димитровски стартуваа со победа над екипата на КК ГТЦ Мусандра, а пак Империал Тобако ТКС стартуваше со пораз од шампионот КК Макпетрол.