Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Честити 11 октомври, Ден на народното востание
Честити 11 октомври, Ден на народното востание

Честити 11 октомври, Ден на народното востание

Денес е  11 Октомври — државен празник. Денес се празнува “Денот на востанието на Македонија“ или “Денот на народното востание на македонскиот народ„.

Востанието на денешен ден е дигнато  против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.