Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар домаќини на екипата на Филипос Верија од Грција
Пионерите на Вардар домаќини на екипата на Филипос Верија од Грција

Пионерите на Вардар домаќини на екипата на Филипос Верија од Грција

Пионерската екипа на РК  Вардар во сабота на  14 октомври, во 11-00 часот во салата при  Спортскиот центар “Кале“ ќе одиграат пријателски натпревар со врсниците од Филипос Верија. Нашите гости доаѓаат  од Верија, Република Грција.

  Грчкиот тим доаѓа на еднодневен престој во Скопје, а по натпреварот ќе останат да го гледаат и мечот лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона. Екипата на Филипос Верија во април годинава беа домаќини на турнирот „Врилитос 2017″, каде Вардар се пласираше на петтото место. Марија Папуџиева од РК Вардар за овој настан вели:

Договоривме пријателски натпревар за генерацијата 2002/03, односно пионерската селекција Вардар со Филипос Вериа. Времетраењето на натпреварот не е ограничен, односно, можно е да се играат три продолженија од по 20 минути, или четири продолженија, во зависност од тоа како ќе се изјаснат двата тима. Идејата е сите играчи да добијат можност да играат.