Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија, се одиграа нови натпревари во детската фудбалска, лига за генерации родени “2006“ и “2007“ година.
Вардаровата генерација “2006“ предводена од Сашо Јанев одигра два натпревари на кои забележа една победа и пораз. Најпрво на теренот излегоа екипите на Вардар (2) Форца (2). Овој меч го доби екипата на Форца и тоа со резултатски пресврт. По првото полувреме, црвено-црните имаа предност од 2:1. Првите обиди на овој меч ги имаше Вардар преку Аце Миовски, кој најпрво биеше покрај голот, а во вториот обид одбрани голманот на Форца. Следен во шанса се најде и Олех Михајловски, но резултатот остана непроменет. Сепак иницијативата на Вардар вроди со плод, кога Ангел Настевски успеа да погоди и да му донесе предност на Вардар од 1:0. По нашето водство, во два наврати се закани и екипата на Форца, но нашиот голман, Таневски ги одбрани ударите.
Сепак откако Вардар направи три корни, судијата покажа на белата точка, а противникот реализираше за израмнување на 1:1. До крајот на првот дел успеавме да го вратиме водството. Форца направи една грешка во одбраната, што ја искористи Максим Цониќ, кој ја погоди мрежата за ново водство од 2:1. Се обиде и Марко Митев, но голманот на Форца го брани ударот. На полувреме резултатот беше 2:1.
На стартот од вториот дел Вардар напаѓаше за нов гол и се чинеше дека ќе успееме да го зголемиме водството. Сепак тоа не ни успеа, па Форца не само што го израмни резултатот, туку до крајот направи и комплетен резултатски пресврт. Следеа три погодоци во нашата мрежа, од кои еден беше од белата точка, откако Вардар направи три корни. На крајот победа на Форца (2) со резултат од 2:4.
Сепак Вардар (1) успеа да слави кај оваа генерација, во дуелот со тимот на Ринија од Куманово. Тука доминиравме и ниту во еден момент не беше загрозена победата. Тргнавме офанзивно уште од првата минута, а првиот удар кој заврши покрај противничкиот гол го имаше Марко Николовски. Избраниците на Јанев набргу го отворија резултатот, кога од десната страна нафрли Крстевски, а на вистинското место се најде Стефан Коловски, кој погоди за наше водство од 1:0.
Удар од голема далечина имаше и Кристијан Галевски, но голманот со крајни напори ја скроти топката. Црвено-црните постијано беа во атак кон голот на Ринија, а обид имаше и Димитар Порчу, но голманот е повторно на место. Поведовме со 2:0 преку Давид Голубов и тоа од пенал, откако истиов играч беше фаулирани во противничкиот голмански простор. Овој резултат беше и актуелен на полувреме.
Вториот дел со погодок повторно го отвори Давид Голубов, откако доби топка од своите играчи и со удар во долниот агол ја смести топката во мрежата, за убедливи 3:0. Вардар имаше можност да го зголеми водството, но Николовски не успева да реализира удар од белата точка. Само една екипа играше на теренот, а тоа беше Вардар, а можеби најубавиот гол денес го постигна Стефан Коловски, кој сакајќи да упати центар шут го погоди голот на противникот, за предност од 4:0. Продолжија шансите пред голот на Ринија, а со тоа и нови погодоци. Прв гол на натпреварот и за днес одличниот Дамјан Крстевски, кој погодува за резултат 5:0. Уште еден гол во мрежата на Ринија и тоа дело на Марко Николовски, прв за него на денешниот дуел, за конечен резултат од 6:0.