Thursday ,17 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Најмладите Вардарци родени “2010“ година со 15:0 го победија Работнички, Вардар (2) ремизираше со Форца
Најмладите Вардарци родени “2010“ година со 15:0 го победија Работнички, Вардар (2) ремизираше со Форца

Најмладите Вардарци родени “2010“ година со 15:0 го победија Работнички, Вардар (2) ремизираше со Форца

Најмладата генерација на ФК Вардар родени “2010“ година денес го одиграа заостанатото трето коло во детската фудбалска лига. Ибзраниците на Зоран Петковски одиграа два натпревари, на кои забележаа една убедлива победа и еден нерешен резултат.

Вардар (1) за противник ги имаше врсниците од екипата на Работнички, која ги порази убедливо со резултат од 15:0. Самиот резултат говори за одразот на силите на теренот и квалитетот на двете екипи. Црвено-црните покрај постигнатите голови имаа уште неколку добри шанси, за поубедлив триумф. Стрелци на головите за Вардар беа: Дaлибoр Мaркoвиќ (5), Мaркo Јoвaнoвски (3), Стефaн Ристиќ, Oгнен Сивoски и Мaтеј Чедевски пo 2 гoлa и Кoнстaнтин Трaјкoв постигна 1 гoл.

На вториот многу поинтересен меч кај оваа генерација се сретнаа екипите на Вардар (2) и Форца. Тука мечот заврши со поделба на бодовите, играјќи со нерешен резултат 3:3. На овој меч два гола постигна Петар Васовски, додека во листата на стрелци успеа да се запише и Лука Пацески кој додаде еден погодок за екипата на Вардар.

Продолжуваат ддобрите игри во дебитанската сезона за најмладите Вардарци, кои покажуваат креативност во играта и борба за секоја топка на теренот.