Денес на терените на ФК Работнички во Градски Парк се одиграа дуелите во детската лига кај генерација родени 2009 година. Екипите на ФК Вардар родени 2009 година предводени од Златко Таневски забележаа една победа и еден пораз.
Во првиот одигран дуел екипата на Вардар (1) генерација “2009“ се сретна со врсниците од ФК Фортуна. На овој дуел момците во црвено-црни дресови дојдоа до победа со резултат 10-1. Во овој меч доминиравме во играта во текот на двете полувремиња, рано поведовме и потоа од минута во минута само го зголемувавме нашето водство. Стрелци на головите беа: Јаков Стојковски (4), Матеј Крстевски (3), Андреј Гудов, Коста Бошковски и Марко Петровски.
Во вториот дуел денес за момците родени 2009 година, екипата на ФК Вардар (2) се сретна со тимот на ФК Башкими од Куманово. Во овој дуел одигравме солидно, сепак бевме поразени од ривалите од Куманово. Башкими на овој дуел триумфираше со резултат 3-1. Единствениот гол за нас на овој дуел го постигна Максим Павловски.