Генерацијата на ФК Вардар родени “2007“ година денес на терените на ФФМ одиграа три натпревари. Два беа во својата возрасна генерација, додека еден меч одиграа во постарата категорија, каде настапуваат екипи со играчи родени “2006“ година. Беа издвојувани две победи и еден пораз.
Најпрво меч одигра Вардар (3) кој успеа да ја победи повозрасната екипата на Ал Барса 2 (2006“) убедливо со резултат од 8:1 Првиот обид на натпреварот имаше Петар Мицевски, кој биеше само покрај голот. Се редеа шансите пред голот на Албарса, а удари кон противничкиот гол имаа и Шаботиќ и Грашески, но резултатот остана уште оној почетниот. Сепак избраниците на Томче Трајановски успеваат да го отвората резултатот и да побведа со 1:0 со погодокот на Стефан Младеновски. Емир Шаботиќ имаше можност да го зголеми резултатот, но неговиот удар од белата точка заврши во стативата од голот на Албарса. Сепак од истово место не грешиме по втор пат, а сега сигурен реализатор на пеналот е Милош Спасовски за зголемено водство од 2:0. Вардар беше далеку подобриот тим на теренот, а како одминуваше мечот се повеќе го зголемувавме резултатот.
Следен кој се запиша во листата на стрелци беше Борјан Томовски, кој погоди за предност на црвено-црните од 3:0. Албарса 2 успева да постигне гол кој на крајот се покажа и како единствен на овој меч, за да го намали резултатот на 3:1. Шаботиќ ја поправи својата грешка кога не реализира пенал, затоа сега погодува од игра за предност од 4:1. Целата игра беше пред голот на Албарса и постојано се редеа шанси. Во листата на стрелци се запиша и Александар Грашески кога успеа да погоди за предност од 5:1. Следиме втор гол на натпреварот и за Борјан Томовски, кој го зголемува резултатот на 6:1. До крајот на дуелот уште два гола во мрежата на Албарса 2. Со својот втор гол, Емир Шаботиќ зголеми на 7:1, за конечните 8:1 да ги постави голманот Лука Јаневски, кој погоди од белата точка.
Вардар (2) кај генерација “2007“ одигра натпревар со екипата на Металург, која ја обеди убедливо со резултат 9:1. Уште пред да го постигнеме првиот гол на мечот се редеа шанси пред противничкиот гол. Обиди први имаа Радевски и Стојановски, но мрежата на Металург се уште остана мирна. Голеадата на овој меч ја започна Војо Стојановски, кој му донесе предност на Вардар од 1:0.
Веднаш после постигнување на голот, статива погоди нашиот состав. Во првото полувреме успеавме да постигнеме уште четири голови. Најпрво на 2:0 резултатот го зголеми Михаил Крстевски, додека следните два погодоци за 3:0 и 4:0 беа дело на Златко Радевски. Четвртиот гол беше од пенал, откако Металург направи три корни. Овој резултат беше актуелен на полувреме.
Во вториот дел противниот прв се закани,но ништо посериозно кон нашиот гол. “Петарда“ во мрежата на Металург следи и прв гол на мечот за Лео Манчев, кој му носи водство на Вардар од 5:0. И покрај убедливата предност не мислевме да се повлечеме, напротив сакавме да постигнеме уште голови. Радевски имаше повторно шанса, но сега голманот одбрани, за во следната акција да погодиме преку Војо Стојановски за резултат 6:0. Конечно и Металург постигнува почесен гол, со кој намалија на 6:1.
До крајот на натпреварот уште три гола во мрежата на противникот. Хет-трик постигнува Златко Радевски, кој го зголеми резултатот на 7:1. Во листата на стрелци се запиша и Петар Котевски, кој со прецизен удар погоди за 8:1, додека конечниот резултат од 9:1 го постави Војо Стојановски, кој исто така постигна хет-трик на денешниот дуел.
Единствено поразен во денешното коло беше Вардар (1) во дуелот со Албарса. Резултатот на овој натпревар беше 1:3. По првото полувреме, противникот имаше минимално водство од 0:1. Во второто полувреме Вардар израмни на 1:1 со голот на Никола Јовановски, но Албарса потоа постигна уште два гола и успеа да слави со конечни 1:3. Ова е прв пораз за оваа генерација на Вардар во новата сезона, која ќе споменеме се натпреварува со три екипи во детската лига.