Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КОШАРКА! На навивачите им здосади од “фузии“, пререгистрации,згаснувања… Решија да формираат свој КК Вардар
КОШАРКА! На навивачите им здосади од “фузии“, пререгистрации,згаснувања… Решија да формираат свој КК Вардар

КОШАРКА! На навивачите им здосади од “фузии“, пререгистрации,згаснувања… Решија да формираат свој КК Вардар

На навивачите на кошаркарскиот клуб Вардар им здосади од летаргичната политика на луѓето кои го раководат  црвено-црниот машки  кошаркарски колектив. Безбројните фузии, згаснувања, повторни регистрации и неамбициозноста на раководството на кошаркарскиот клуб ги примора навивачите на истиот да тргнат по друг пат. Да регистираат свој клуб со името Вардар кој ќе го раководат самите. Во соопштението до јавноста на навивачката група Комбат-87 која го бодри КК Вардар се вели:

Навивачката група Комбат 87 се оградува од раководството на клубот што се претставува како КК Вардар за оваа сезона, причина се сите досегашни фузии и продавање и препродавање на лиценци на други клубови, гаснење на клубот па реактивирање итн итн. Доста е…

Доста е од фузирања секоја година
Доста е со продавање на името Вардар на други клубови за еднократна и двократна употреба, дади па продади
Доста е со гаснење на клубот секоја втора година и формирање нов само да се сокрие финансиската состојба
Доста е со неисплаќање на играчите кои ги носеа светите бои
Доста е со бламажа дека клубот е само на еден човек а тој секогаш бега од било каков потпис и финансиска одговорност
Доста е со лаги за младинска доминација, кога сите тие младинци играат во нашите ривалски клубови, наместо силен клуб ние сме само обична школа за другите клубови
Доста е со вашето лажно самобендисано водење на клубот ВРЕМЕ Е НИЕ ДА СЕ ОГРАДИМЕ ОД ВАС И ДА ВИ КАЖЕМЕ НЕ СТЕ ВИЕ ВАРДАР!!!
ЗАД ОВОЈ НАШ СТАВ СТОЈАТ И ГОЛЕМ ДЕЛ ОД КОШАРКАРИТЕ КОИ СИТЕ ОВИЕ ГОДИНИ БЕЗРЕЗЕРВНО ГИ ПОДДРЖУВАВМЕ!!!

Во предпроцедура е формирање на нов Кошаркарски Клуб Вардар кој нема да биде клуб за потсмев со гаснење и реактивирање секоја втора година, клубот ќе биде во сопственсост на играчите, навивачите и се надеваме на одзив на голем дел од нив . Ги повикуваме сите Вардарци да ни ја дадат поддршката и следната сезона да имаме чист а не матен Вардар, воедно ги охрабруваме сите досегашни кошаркари на Вардар да ја продолжат битката за враќање на нивниот долг што клубот сака да го сокрие со пререгистрирањата. Знаеме дека правдата и законот е на ваша страна но исто така знаеме дека законот и правдата кај нас се спори. БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА!!