Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Изненадување во Автокоманда, вториот тим на Жрк Вардар го победи првиот на Металург
Изненадување во Автокоманда, вториот тим на Жрк Вардар го победи првиот на Металург

Изненадување во Автокоманда, вториот тим на Жрк Вардар го победи првиот на Металург

Дека оваа сезона ќе гледаме целосна доминација на Вардаровите екипи во “скопско супер-лигата“ ја потврди Жрк Вардар јуниор кој на теренот на противникот, во населбата Автокоманда беше подобар од првиот тим на Металург. Малку беа тие што веруваа дека избраничките на Симе Симовски ќе направат подвиг и на гостински терен ќе го победат големиот фаворит.

Домаќинот, екипата на Металург одлично го започна овој дуел каде имаа високи 5:0. На својот прв гол, младите Вардарки чекаа дури девет минути, кога конечно Керамичиева го скрши малерот. Во продолжение гледаме подобра игра на црвено-црните, кои како одминуваа минутите полека но сигурно ја топеа предноста на противникот. Во 20 минута од мечот имавме негатива од само еден гол, сините од Автокоманда имаа водство од два гола разлика, некаде на четири минути пред крајот на полувремето. Сепак до истекот на првите 30 минути, нашите девојки успеаа за прв пат да го израмнат резултатот на 9:9, со кој се замина на одмор.

Сличен почеток имаше и вториот дел кога на паркетот доминираше екипата на Металург, правејќи нова серија за повторно да има голема позитива од четири голови предност. Изгледаше како Вардарки да се физички далеку поспремни од противникот, тоа дојде до израз до крајот на натпреварот. Тоа водство од четири гола, Металург го одржуваше се до 44 минута. Од тогаш дојде до несфатлив пад во нивната игра, на спротивната страна Вардар Јуниор како брз воз почна да го гази противникот. Успеавме да направија серија од 6:1 за комплетно да го свртиме резултатот во наша корист. На пет минути до крајот имавме два гола позитива, која умешно ја одржувавме до самиот крај. Влеговме во неизвесна завршница, во која посупешно се снајдоа девојките на Симовски. Конечниот резултат гласеше 21:22. Во домашниот табор не беа свесни што се случи, на спротивната страна голема радост на црвено-црните девојки кои ја продолжија серијата од пет последователни победи во лигата. Ова сигурно е најслатка, бидејќи е против најголемиот конкурент за второто место и тоа на нивниот терен.

Најефикасна во нашиот состав беше Керамичиева со 8 и Тодоровска со 5 голови.