Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Христи Бикоски: Веста да настапувам за Вардар, беше првиот чекор кон мојата животна цел
Христи Бикоски: Веста да настапувам за Вардар, беше првиот чекор кон мојата животна цел

Христи Бикоски: Веста да настапувам за Вардар, беше првиот чекор кон мојата животна цел

Во наредново интервју ве запознаваме со Христи Бикоски, кој настапува за кадетите на Рк Вардар. Тој има претходно настапувано за Рк Прилеп. Имаше можност да биде дел од селекцијата на млади ракометари, во проектот на ракометниот клуб Вардар да ги регрутира и избере најдобрите од сите пријавени. Токму еден од нив е младиот Прилепчанец, Христи Бикоски со кој имавме можност да направиме интервју.

Какво беше чуството кога ве известија дека ќе бидете дел од Вардар?

-Кога ги добив вестите дека ќе станам дел од големото семејство на Вардар бев пресреќен. Бев избран од многу деца кои беа на селекцијата. Тоа беше првиот чекор кон мојата животна цел.

Какви се твоите впечатоци за организацијата на клубот во младинските категории во кои настапувате?

-Уште еднаш ќе споменам дека Вардар е едно големо семејство. Верувам и знам дека овој клуб е на светско ниво. Кога се работи за организацијата се е определено и се е на време. Имаме добра организација и тоа е нешто што треба да го има секој клуб.

Прва сезона настапувате  за кадетите на Рк Вардар, дали беше тешко да се вклопите во новата клупска средина и секако во Скопје ?

-Тука се работи одлично. Вардар е клуб кој не може да си дозволи ништо друго, освен да има високи амбиции.Тимот го запознав добро. Сигурен сум дека од натпревар во натпревар ќе бидеме се подобри и подобри. Тимот е важен, како ќе расте тој така ќе растам и јас. Можам да кажам дека добро се вклопив во екипата, соиграчите ме прифатија многу добро.

Утре ве очекува нов меч во лигата, против екипата на Тиквеш од Кавадарци. Што очекувате од овој дуел ?

-Од овој дуел се знае очекувам победа, верувам во моите момци. Оваа недела добро се подготвувавме и напорно работевме. Атмосферата во тимот е се подобра и подобра. Овој натпревар мораме да го одиграме на повисоко ниво. Противникот не ни е добро познат, но без разлика на се ние одиме на победа.

После четири одиграни кола имате две победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Колку сте лично задоволен од постигнатите резултати и игри ?

-Што се однесува до оваа сезона имавме гостување во Велес каде одигравме нерешено.Следните два натпревари ги одигравме на повисоко ниво, во кои триумфиравме и на двата меча. Во рамките од 4 коло имавме тешко гостување во автокоманда кое го доби домашната екипа. Сепак секогаш може и подобро. Јас верувам во мојата екипа, ние одиме во нагорна линија и очекуваме многу победи оваа сезона, изјави Христи Бикоски за Вардар фанс.

Звонко Ивановски