Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар нанижа уште една победа во низа

ЖКК Вардар нанижа уште една победа во низа

17352652_128121651051514_1388339885_nДевојките од кошаркарскиот клуб Вардар продолжуваат со победничката низа во пролеттниот дел од сезоната. Нашите кошаркарки викендов забележаа уште една убедлива победа, овој пат на домашен терен ја совладавме екипата на ЖКК Пелистер со резултат 80:61.

Во текот на целиот натпревар нашите девојки го контролираа резултатот на натпреварот, во ниту еден момент победникот на овој натпревар не беше доведен под знак прашалник. На крајот, нашиот тим победи со 19 поени разлика.

17391885_128121701051509_1940022348_n

Ова беше вкупно 10 победа на 11 натпревар за нашиот тим. Со оваа победа се израмнивме со Бадел, кој има исто така 10 победи но и натпревар помалку.

Вардар: Трајкова 4, Лазарова 8, Деловска 11, Неделчева 2, Ѓорѓиева 10, Муса 11, Тодевска 5, Харбов 2, Шарп 11, Јаневска 9, Ватс 7, Цветиновска.