Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Борење! Вардарци повикани за репрезентативните подготовки од 21 март, нашиот клуб реагира на новите организациони “бисери“ на ФБСМ
Борење! Вардарци повикани за репрезентативните подготовки од 21 март, нашиот клуб реагира на новите организациони “бисери“ на ФБСМ

Борење! Вардарци повикани за репрезентативните подготовки од 21 март, нашиот клуб реагира на новите организациони “бисери“ на ФБСМ

Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) за Меѓународниот турнир „Дан Колов“ кој ќе се одржи во соседна  Бугарија во период од 7 до 9 април, и за Европското првенство до 23 години и за понатамошмите програмски активности на подговки од вторник (21 март) повика 9 борачи.Федерацијата упати покани до :  Бехар Махмути – Тефејуз, Елмедин Сејфулаху – Лирија, Владимир Егоров – Вардар, Ријад Реџепи – Лирија, Михаил Николов – Балканец, Рамадан Реџеповски и Бунјамин Нуиши од Тефејуз, Бобан Савев – Балканец и Мохамедгаџи Нуров- Вардар. Чудно засега само Бехар Махмути е ставен на списокот за ЕП во У-23.

Пред некое време имаше недоразбирање меѓу репрезентацијата и Вардар во врска со неговите борачи Владимир Егоров и Халил Зубаиров за настап на Меѓународниот турнир „Јашар Догу“ во Турција, пред се околу известувањето (задоценто според Вардар) и сносувањето на трошоците, бидејќи овие борачи тогаш заминаа од Македонија за Русија. Тогаш од репрезентацијата и ФБСМ беше речено дека не ги почитвале Правилникот.Поучени од претходното искуство, Вадрар испрати известување до ФБСМ дека го потврдуваат учеството со неколку прашања.

Од Вардар прашуваат зошто на списокот го нема Халил Зубаиров кој е носител на бронзен медал од ЕП У-23 во Полска и е прв на Изборното првенство на Макдонија што се одржа пред еден месец во категоријата до 86 килограми. Оттаму сметаат дека тој е кандидат за висок пласман и на „Дан Колов“ и на ЕП во Србија. За да стигнат борачите на Вардар од Русија во Македонија, тие бараат на нив да им бидат обезбедени патни трошоци, авионски карти, претстој, дневници и спортска опрема.

b3-660x330

Од секретаријатот на ФБСМ упатиле извстување дека Управниот одбор на ФБСМ има донесено одлука во која сите репрезентативци на Република Македонија кој се повикани на подготовките потребно е да дојдат во Скопје на 21 март 2017 во 16 часот во хотел Истанбул.

„Трошоците до пристигнување во Скопје се на товар на клубот (се однесува за сите повикани репрезентативци). По пристигнувањето Федерацијата на боречки спортови на Македонија ги презема репрезентативците и сите трошоци што се однесуваат на хотелско сместување, храна, транспорт од хотел до базата каде ќе се одвиваат подготовките се на товар на ФБСМ. Транспортот од Скопје до местото на одржување на турнирот или првенството, хотелско сместување, храна и враќање назад до Скопје, исто така се на товар на ФБСМ. Се однесува за сите репрезентативци подеднаквo.

Oд клубот наш се спремни за соработна со цел добро на борењето и успех на Македонија во меѓународните битки во овој спорт. Тие сепак реагираат на серија нелогичности како финансирањето на патот од страна на клубовите иако станува збор за репрезентативни обврски. Со ова пред се се нарушува и така лошата финансисна кондиција на борачките колективи во земјава. Вардар во обраќањето до федерацијата го вели следново:

Господа, Доколку проверите во архивите и коренсподенцијата помеѓу нас, ќе се уверите дека нема таква одлука, и многу сме вчудоневидено изненадени со такви ненадејни одлуки ! Навистина не знаеме за такви одлуки и каде се видело клубовите да плаќаат за активности на репрезентацијата ?! Знаете добро дека ние сме на работ на егзистенцијата, не сме во состојба да ги исполниме задолжителните домашни активности, камо ли да ги финансираме меѓународните и репрезентативните планови и програми! Можеби ние и грешиме, но според нас, на споменатиот турнир во Бугарија, борачите треба да настапуваат под Македонско знаме, како Македонска национална селекција, а не како клупска селекција ?! – со тоа се подразбира и за сите активности доколку настапува за клубот – тогаш Вардар би требало да им обезбеди патни трошкови и престој,  а ако настапуваат за Македонија, тогаш ФБСМ би требало да ги сноси сите трошоци!
Да Ви напоменеме дека во дописот од 16 март 2017, Ве замоливме за подетални информации околу капацитетот и возможностите на ФБСМ и реалната слика за понатамошна соработка, за однапред планирана и систематска работа ?!

На 18 март 2017, во 19:00 добиваме ИЗНЕНАДНА покана од Вас за учество на нашите борачи во склоп на репрезентацијата на Македонија, без никакви претходни напомени и одлуки. Поканата со радост ја прифативме, но сакаме да разберете дека НЕ СМЕ ВО НИКАКВА МОЖНОСТ НИЕ КАКО КЛУБ за толку кратко време да обезбедиме финансиски средства за авиобилети. Во интерес на Македонското борење, би го замолиле раководството на ФБСМ, да изнајде решение и да им овозможи на Македонските надежи В.Егоров, Х.Зубаиров и М.Нуров да пристигнат навреме на закажаните подготовки и да им овозможите поуспешно да се претстават и освојат одличја на меѓународните турнири за Р.Македонија.
Однапред благодарни , Спортски директор МИРКО ДИМЧЕВСКИ