Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Брест Мешков домаќин на завршниот турнир од СЕХА-лигата
Брест Мешков домаќин на завршниот турнир од СЕХА-лигата

Брест Мешков домаќин на завршниот турнир од СЕХА-лигата

Градот Брест ќе биде домаќин на седмиот завршен турнир во регионалната СЕХА-лига. Ова денес е потврдено од раководните луѓе на СЕХА-лигата. Ова ќе биде прва организација за екипата на Брест Мешков на еден завршен турнир. На него учество ќе земат екипите на Вардар како првопласирани во регуларниот дел, потоа второпласираниот Веспрем, домаќинот Брест Мешков и ППД Загреб кој заврши на четвртата позиција во регуларниот дел. Познати се и полуфиналните двојки, а тие се исти од минатата сезона, кога во Вараждин играа и истиве екипи, а беа и истиве полуфиналисти, односно Вардар со ППД Загреб и Брест Мешков против Веспрем. Оваа година, завршниот турнир ќе се игра од 7-9-ти април.

По два троофеи во ова натпреварување имаат екипите на Вардар и Веспрем, а Унгарците се актуелен освојувач на лигата. Двата натпревар на Ф4 за црвено-црните ќе бидат загревање и подготовка за 1/4 од лигата на шампионите.