Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Бал фор лајф лесна пречка за Вардар

Бал фор лајф лесна пречка за Вардар

kkvardar

Кошаркарите на Вардар ја забележаа и третата победа оваа сезона во Втората кошаркарска лига на Македонија. Момците на Вардар на гостински терен во Куманово го победија тимот на Бал фор лајф со резултат 57-84. Со оваа победа Вардар сега е на четвртата позиција, максимален ефект по четири одиграни кола имаат тимовите на Академија ФМП и Водњански лисици.

Во следното коло, овој викенд, Вардар ја пречекува втората екипа на МЗТ Скопје Аеродром.