Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци се загреваа со Динамо Панчево, за саботниот натпревар против Рајн-Некар, црвено-црните стигнаа до седмата победа во СЕХА-лигата
Вардарци се загреваа со Динамо Панчево, за саботниот натпревар против Рајн-Некар, црвено-црните стигнаа до седмата победа во СЕХА-лигата

Вардарци се загреваа со Динамо Панчево, за саботниот натпревар против Рајн-Некар, црвено-црните стигнаа до седмата победа во СЕХА-лигата

Екипата  на РК Вардар стигна до својата седма последователна победа во рамките на СЕХА-лигата. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански со половина од силите, избраниците на Гонзалес го совладаа тимот на Динамо Панчево со резултат 42:32.

Гостинската екипа од Србија беше прва која успеа да стигне до два гола предност (1:3) во четвртата минута. Првото водство, црвено-црните го имаа во деветтата минута кога со својот втор гол, Владо Недановски погоди за 6:5. Во следните десет минути се играше гол за гол, противникот пружаше отпор, но мислите на Вардар беа насочени на саботниот меч против тимот на Рајн-Некар. Израмнето беше се до 18 минута (9:9), кога Вардар во следните четири минути направи серија од 4:1 и за прв пат на натпреварот имаше три голови разлика (14:11). Намали за момент Динамо на 16:14, за избраниците на Гонзалес да постигнат три последователни голови и веќе да имаат солидно водство од 19:14 во во 28 минута. До крајот на првиот дел, противникот успева да смали на достижни три гола и на одмор да се замине со резултат 20:17.

По само три минути игра во второто полувреме, Вардар ги врати најголемите пет гола разлика (23:18), но Динамо не му дозволува на нашиот шампион предвреме да се одлепи и набрзина намалува на 23:21. Иако настапивме без Штербик, Борозан, Циндриќ и Абутовиќ, сепак бевме пресилни за составот на Динамо. При резултат 25:22 правиме нова серија од 3:0 и зголемуваме на 28:22, за во 44 минута да имаме најголеми седум голови разлика, откако погоди Војводиќ (30:23). Распадот на противникот продолжи и во последните 15 минути од натпреварот, кога имаа и прифатлива негатива од 31:25, за Вардар со нова голема серија од 7:1 да стигне до двоцифрена предност од 38:28 на шест минути пред крајот. Последните минути беа рутина за нашиот шампион, кој слави седма победа во СЕХА-лигата, со резултат 42:32

Марсениќ беше најефикасен со 7 голови, додека Чупиќ постигна 6. Следниот натпревар за Вардар е во рамките на осмото коло во ЛШ, кога во сабота во истава сала гостува екипата на Рајн-Некар.