Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Нови договори за девет играчи кои останаа во Вардар по крајот на преодниот рок
КУГЛАЊЕ! Нови договори за девет играчи кои останаа во Вардар по крајот на преодниот рок

КУГЛАЊЕ! Нови договори за девет играчи кои останаа во Вардар по крајот на преодниот рок

Летниот преоден рок во Македонската кугларска лига   за сезоната 2016/2017   е веќе завршена работа, а  во истиот за нашиот црвено-црн кугларски колектив КК Вардар немаше поголеми турбуленции освен едно заминување. Единствен кој го напушти КК Вардар беше Дане Јакимовски, тој својата кариера ќе ја продолжи во ривалот на црвено-црните актуелниот “двоен шампион“ на земјава екипата на КК Макпетрол. Новата сезона ја почнуваат вардарци со старите амбиции освојување на една од двете или двете титули во македонското клубско куглање, а годинава нов предизвик им е есенското учество на “Светскиот куп“.

Вардар на сите девет играчи кои останаа во тимот предводен од Драги Димитровски ќе им понуди нови едногодишни договори пред почетокот на сезоната 2016/2017. Годинава се очекува благовремено почнување на Македонската кугларска лига (МКЛ) која лани доцнеше со стартот заради промени на управувачката структура во Кугларската федерација на Македонија. Се очекува годинава  бројот на екипи да порасне за најмалку уште една па место ланските шест годинава ќе има седум тима, нова екипа е Работнички 2015 тим составен од девојки кои заради немањето на лига систем во женска конкуренција ќе се натпреваруваат во МКЛ. Вардар ќе ги продолжи договорите на следниве играчи :

-Димитар Димитровски 

-Бојан Влаќевски

-Миле Димковски 

-Дарко Димовски

-Миле Димковски 

-Дарко Димовски

-Марјан Згонц

-Дарко Димитровски

-Младен Донковски