Селекторот на Црнагорската женска ракометна репрезентација Драган Аџиќ го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за претстојните олимписки игри во Рио Де Жанеиро. Првиот собир е закажан за 6-ти јули во градот Подгорица.
На списокот се најдоа и ракометарки на Вардар. Десното крило Јованка Радичевиќ и десниот бек Андреа Кликовац ќе бидат дел од селекцијата за олимписките игри во Рио. Тука е и довчерашната Вардарка, Итана Грбиќ која од следанта сезона се враќа во екипата на Будуќност. Повратник во составот на Драган Аџиќ е Бојана Поповиќ, која работи како помошен тренер на Аџиќ во екипата на Будуќност. Зад нејзиното име се поврзуваат многу успеси на оваа селекција, која очекува да се прикаже во добро издание и во Рио.