На олимпијадата во Токио веќе започнати се напреварувањата, поделени се дел од медалите во одредени спортови. Настапија дел и од македонските репрезентативци, но без посебен успех. Сепак станува збор за спортисти кои настапуваат со покана, а не со обезбедена норма. Само двајца од нашата делегација имаат обезбезбедено директен пласман, еден од нив е вардаровиот борач Нуров.
Нашето момче во Токио ќе настапи во категоријата до 97кг слободен стил во борење на 6.август кога се квалификациите, ден по тоа се борбите за медал на кои се надеваме дека ќе блесне. Тој е во Владивосток каде ќе ја одработи последната фаза од подготовките за олимписите игри во Токио. Потоа на 1.август според планот заедно со руската репрезентација во борење ќе лета за главниот град на Јапонија и ќе се смести во „олимпиското село“.
Светската боречка организиација го потврди рангирањето за Олимписмките игри во Токио. Важно за нас е како што знаеме рејтингот на Нуров, кој е во фаворитите 4 учесници, благодарение на рејтинговите турнири.