Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар на 9.август ги „пали моторите“
ЖРК Вардар на 9.август ги „пали моторите“

ЖРК Вардар на 9.август ги „пали моторите“

ЖРК Вардар е на пауза по успешната сезона во која освои две „сребра“ во македонската лига и Купот на Република Македонија. Истата полека истекува, веќе има планови за почеток на подготовките.

Истите најверојатно ќе започнат на 9.август во Скопје, а веќе на 19 истиот месец не очекува настап на турнирот  од меѓународен каракер во Ѓорче Петров. Ние сме во група со ЖРК Јагодина и Деспина, во другата група играат Ѓорче, РК Бор од Србија и Чиле(Младинска селекција). После тоа покрај почетокот на домашните преизвици не очекува настап и во европските купови каде за ривал ја имаме екипата на РК Приштина од Косово.

Ристова останува прв тренер, Царчев ќе биде задолжен за голманите, а новост е кондициониот тренер кој ќе работи со тимот. Станува збор за искусниот Данески Борис кој веќе една деценија е кондиционен тренер, а бил и асистент на легендарната Лојаница.