Фудбалерите на Вардар откако го завршија настапот на турнирот „Вуко Каров“, веднаш се упатија за Охрид каде ќе ги минат главните подготовки пред стартот на новата сезона во Втората фудбалска лига на Македонија.
Вардарци во Охрид треба добро да се подготват и да влезат максимално за првиот предизвик во новата сезона. Веќе во среда ,,црвено – црните” ќе одиграат нов контролен натпревар, овој пат против екипата на Ренова. Овој натпревар е предвидено да започне нешто порано од вообичаените контролни дуели, односно во 10 часот.
Покрај овој дуел, Вардар во Охрид планира да одигра и уште неколку пријателски дуели. На 1 август следи пријателски натпревар со Победа, а слободен термин е и петти август, засега, се нема ривал за тој датум. Генералката на Вардар ќе биде на 14 август против струмичка Беласица.