Можна е македонска пресметка во полуфиналето на завршниот турнир во СЕХА-лигата.
Доколку Вардар и Еурофарм Пелистер излезат како победници на двомечевите со екипите на ППД Загреб, односно Брест Мешков, тогаш двете екипи ќе се судрат меѓусебно на Ф4 турнирот во Задар.
Вардар на 26 и 29.август го очекуваат полуфиналните натпревари со екипата на ППД Загреб. Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се сретнат и во рамките на Супер Купот, натпревар кој е закажан за на 11.август во Скопје.
Завршниот турнир во СЕХА лигата ќе се одигра на почетокот на месец септември во Задар.