Кадетската ракометна репрезентација стигна и до четвртата победа, на подготвителниот период, во пресрет на ЕХФ Шампионатот кој ќе се одржува во Скопје.
Момците на Кирил Лазаров и по втор ја победија селекцијата на Црна Гора, овој пат со резултат 31:29. Одигравме добар натпревар на кој во најголем дел од натпреварот бевме во предност, така беше и на полувреме кога резултатот гласеше 17:13.
Сепак во последниот дел од натпреварот, Црна Гора беше репрезентацијата која влезе со позитива од два гола, но Македонија „експресно“ се врати во игра за победа, направи серија од четири гола, со што поведе со 30:28. На крајот успеавме да триумфираме за втора последователна победа на дуелите со Црна Гора.
Вардаровиот играч, Давид Савревски, беше стрелец на 2 гола.