Македонскиот репрезентативец и вардаровиот борач, Магомедгаџи Нуров донесе голема радост за Република Македонија, откако се закити со златниот медал на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија. Нашиот репрезентативец, кој се натпреварува во категоријата до 97 килограми, на фантастичен начин триумфираше во мечот за титула и со убедливи 11-0 зa 50 секунди го совлада Симоне Јанатони (ИТА), но финале пред финале беше мечот во 1/2 финалната борба каде што Нуров направи пресврт и подвиг победувајќи го Деде (ТУР).
По победата му беше доделен заслужениот медал, а во салата во Тарагона се слушна Македонската химна. Моментот на интонирање на нашата химна по примањето на златниот медал од Нуров, кое го снима Митов (бронзениот во категорија 74кг) може да го погледнете - ОВДЕ!