Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Скубе: Вардар го избрав бидејќи е голем тим и еден од најдобрите во Европа
Скубе: Вардар го избрав бидејќи е голем тим и еден од најдобрите во Европа

Скубе: Вардар го избрав бидејќи е голем тим и еден од најдобрите во Европа

Утрово, македонскиот и регионалниот шампион, нашиот РК Вардар и официјално потврди дена во следните три сезони нов член на тимот  ќе биде словенечкиот плејмејкер Сташ Скубе. Словенецот доаѓа во Скопје како актуелен првак на Унгарија, каде беше еден од клучните играчи на ПИК Сегед во освојувањето на шампионската титула на клубот во Унгарија запирајќи ја доминацијата на Вепрем. Тој во првата изјава за вардаровиот веб-сајт ги споделува своите очекувања и причината зашто се одлучил токму идните 36.месеца да биде дел од скопскиот црвено-црн машки ракометен колектив.

РК Вардар го избрав затоа што е еден од најдобрите екипи во Европа. Среќен сум што ќе бидам дел  од еден  голем тим. Очекувам многу, значи дека ќе се обидеме да стигнеме до самата завршница во сите натпреварувања во кои ќе настапиме. Мислам дека ќе бидеме добра екипа, и едвај чекај сѐ да започне- вели новајлијата во црвено-црниот дрес, Сташ Скубе.

Видео од новиот играч може да погледнете на нашиот сајт-овде