Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Официјално, РК Вардар: Сташ Скубе потпиша три години со црвено-црните
Официјално, РК Вардар: Сташ Скубе потпиша три години  со црвено-црните

Официјално, РК Вардар: Сташ Скубе потпиша три години со црвено-црните

РК Вардар и официјално потврди дена во следните три сезони нов член на нашиот црвено-црн тим  ќе биде словенечкиот плејмејкер Сташ Скубе. Тој доаѓа во Скопје како актуелен првак на Унгарија, каде беше еден од клучните играчи на ПИК Сегед во освојувањето на шампионската титула на клубот во Унгарија запирајќи ја доминацијата на Вепрем.

 Со неговото потпишување Вардар ќе има брз напад и ќе добие играч што е особено опасен во играта „еден на еден” и знае како да ја пробие противничката одбрана. Нашиот тим ќе биде втор клуб во неговата интернационална кариера. Претходно две сезони настапуваше за ПИК Сегед каде сега ја освои титулата, а претходно три сезони (2013-2016) беше дел од тимот на Горење Велење. Потекнува од ракометната школа на Требње каде дебитираше во 2000 година со 16 години.

Покрај на клубски план има успеси и со  репрезентацијата на Словенија,  со својата земја го освои бронзениот медал на СП за играчи до 21 година во 2009 година. За сениорската репрезентација на Словенија има одиграно 17 натпревари и постигнато 32 гола. Во лигата на шампионите постигна 34 гола, од кој  на натпреварите против Вардар даде вкупно седум.

Вардар продолжува да ангажира врвни играчи на позициите за кои смета дека тоа е потребно. Скубе е играч кој веруваме дека ќе донесе нов квалитет во играта на Вардар во иднина. Со своите настапи се докажа како играч за кого во иднина многу ќе се зборува. Задоволни сме што тој одбра својата кариера да ја продолжи во Вардар и заедно да продолжиме по победничките патеки. Ова е само почеток на создавањето на нов шампионски тим на Вардар, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.