Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > (ФОТО) Нуров на прием во Агенцијата за млади и спорт, вардарецот доби стипендија
(ФОТО) Нуров на прием во Агенцијата за млади и спорт, вардарецот доби стипендија

(ФОТО) Нуров на прием во Агенцијата за млади и спорт, вардарецот доби стипендија

По повод освојувањето на бронзен медал на Светското првенство во борење и освојувањето норма за Летните Олимписки игри Токио 2020, директорот на Агенцијата за млади и спорт,  Дарко Каевски  ги прими освојувачот на бронзениот медал, Могамедгаџи Нуров, претседателот на Боречка федерација.

ams_dk_grupna_oi

Ова е историски момент, и прва обезбедена норма за Олимписките игри во Токио, и во таа насока сакам да изразам голема благодарност од мое име и од името на Агенцијата за млади и спорт. Во соработка со Боречката федерација обезбедивме беспрекорни услови за припремниот период, контролните натпревари, како и настап на борачите на меѓународните натпревари и сето тоа вроди со плод- истакна Каевски.

Со освоената бронза на светско првенство, Нуров станува добитник на стипендија од светска категорија на Агенцијата за млади и спорт.