Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Писонеро: Важна е победата, ја искористивме ротацијата, Ќосевски: Благодарам на тренерот за шансата
Писонеро: Важна е победата, ја искористивме ротацијата, Ќосевски: Благодарам на тренерот за шансата

Писонеро: Важна е победата, ја искористивме ротацијата, Ќосевски: Благодарам на тренерот за шансата

Вардар вчера во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје во дуел од регионалната СЕХА Лига се сретна со хрватскиот вице-првак, тимот на Нексе. Европскиот првак и бранителот на СЕХА титулата дојде до победа со два гола предност (27-25). По дуелот на прес-конференцијата свое видување дадоа тренерот на црвено-црните и дебитантот младиот Ќосевски.

Писонеро: Ова беше сличен меч како оној со Порто. Во првото полувреме  бевме во грч, но во вториот дел бевме подобри. Противникот играше и „7 на 6“, тоа ние го трениравме добро за мечот со Порто и денес успеавме исто така да ја сопреме таа игра. Резултатот беше тесен, ја искористивме нашата ротација, но истовремено одморивме и играчи за ЛШ.

Ќосевски: Благодарност до тренерот Писонеро што ми ја даде шансата да играм. Чест е да се игра за европскиот првак Вардар. На почетокот ми беше тешко затоа што тренираш со едни од најдобрите играчи во светот. Полека се адаптирам на овој тим, во Вардар Јуниор беше поинаку.