Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 2.коло! ЖРК Вардар „гази“, максимални уште: Металург, Куманово и Чаир
Преглед 2.коло! ЖРК Вардар „гази“, максимални уште: Металург, Куманово и Чаир

Преглед 2.коло! ЖРК Вардар „гази“, максимални уште: Металург, Куманово и Чаир

Викендов се комплетираше 2.коло во женската Супер лига, беа одиграни шест нови дуели. По крајот на истите се издефинираа четири тима со максимален ефект. Покрај нашиот Вардар очекувано две победи на стартот имаа Металург и Куманово, четвртата екипа која се приклучи е ЖРК Чаир која изненадувачки високо го совлада тимот  на Пелистер.

Актуелниот шампион,  ЖРК Металург  во Автокоманда лесно ја совлада екипата на Алушевски со високи 39-8. Куманово исто така на домашен терен беше убедлив, Стружанка беше совладана со резултат 36-22. Спартак кој дома загуби од црвено-црните, успеа да освои бодови во Св.Николе совладувајќи го Овче Поле 21-26, тоа беше единствената гостинска победа во ова 2.коло.  Ѓорче Петров во еден израмнет дуел  победи со три плус против ЖРК Кузман, тие триумфираа со 24-21. Најитересен резултат беше високата победа на Чаир на домашен терен против тимот на ЖРК Пелистер, новиот суперлигаш триуфираше со високи девет гола против тимот кој лани беше во најдобрите четири екипи во првенството, победата дојде со резултат 37-28.

24

ЖРК Вардар  на домашен терен,  во малата сала при СЦ “Јане Сандански“ ја пречка екипата од Прилеп, тимот на  Деспина. Девојките на Ристова, Црвенковска и Царчев почнаа доминантно уште на самиот почеток, отворивме во воведните минути со високи 9-1 по што се беше јасно како ќе тече натпреварот. Успехот во мечот  се должеше на одличната тактика во одбрана која ја постави Ристова, противниците немаа решение за истата, во нападот бевме стандaрдно креативни и убоити што е наша каракеристика, често казнувавме и по контри во кои погодуваа крилата.

Ние на одмор отидовме со  11 позитива (20-9) победата дојде со дури 27 гола повеќе, 45-18. Кај нас, Миновска и Седлоска погодија по  8 пати, Ѓорѓиевска впиша  7 погодока. На голот имавме расположени голманки, Грујовска дојде до двоцифрен ефект, впиша 11.интервенции во 2.полувреме. Во првиот дел Илиќ сопре 9 удари на прилепчанки. Следи една недела пауза поради ЕХФ-седмицата потоа на 5/6.октомври ќе се игра 3.коло во кое паровите изгледаат вака:

21

*Алушовски-Гевгелија
*Деспина-О.Поле
*Пелистер-Ѓ.Петров
*Кузман-Куманово
*Спартак-Металург
*Стружанка-ЖРК ВАРДАР