Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Само Вардар со максимални 4 бодови во најсилната група Б, Кил му одржа лекција на Веспрем
Само Вардар со максимални 4 бодови во најсилната група Б, Кил му одржа лекција на Веспрем

Само Вардар со максимални 4 бодови во најсилната група Б, Кил му одржа лекција на Веспрем

После две одиграни кола во најсилната група А од Лигата на Шампионите, Вардар е единствен со максимални 4 освоени бодови. Покрај Вардар победи во второто коло забележаа екипите на Кил, Монпелје и Киелце.

Познато е дека Вардар ја оствари и втората победа, прва пред своите навивачи во новата сезона. Црвено-црните во второт дел го скршија отпорот на Порто и славеа со резултат 32:27. Извештајот можете да го прочитате на линкот, ТУКА.

Дербито во групата се одигра во Веспрем Арената, каде Кил направи мало изненадување совладувајќи ја убедливо екипата на Веспрем (31:37). Во текот на целиот меч, Кил имаше предност, само еднаш резултатот на семафорот беше израмнет (6:6), додека домашниот тим ниту во еден наврт не го почувствува водството. На стартот од мечот, во три наврати избраниците на Јиха имаа позитива од три гола, за Веспрем да го израмни резултатот на 6:6. Следеше нова серија за гостинскиот тим, кој повторно се одлепи на највисоките три гола разлика (6:9). Кил имаше водство и од пет голови, но до крајот на првиот дел, Веспрем ја намали негативата, па на одмор се замина со резултат 13:16.

70978841_10157312890788046_6821009640642314240_n

Ниту во второто полувреме, Веспрем не успеа да го сврти резултатот во своја корист, најмногу што успеа да намали беа два гола негатива, додека прашањето за победникот беше решено кога Кил се одлепи и на пет голови разлика, за на крајот да слави со резултат 31:37.

Екипата на Брест Мешков го доживеа и вториот пораз во групата, овој пат на домашен терен од тимот на Монпелје, за кој ова беше прв триумф. Вообичаено, белорускиот шампион мечевите ги губи во последните 15 минути од второто полувреме, така беше и на првиот натпревар против Порто кога прокоцкаа шест голови разлика, така беше и на мечот со Монпелје, кога до 40 минута имаа позитива од три гола (18:15). При водство на Мешков од 21:20, екипата на Монпелје направи серија од 1:5 и тука го реши победникот на дуелот, кога поведе со 22:25, а за домашниот тим немаше многу време да се врати во игра, па на крајот мораше да се помири со пораз, изразен со резулта 25:27.

meshkov-brest-montpellier-22

Очекувано, тимот на Киелце немаше проблеми во второто коло и ја победи екипата на Мотор Запорожје, пред своите навивачи. Украинскиот Шампион имаше само едно и единствено водство и тоа во првата минута од мечот кога го отвори резултатот. Работата, избраниците на Душеабев ја завршија уште во првото полувреме кога се стекнаа со двоцифрено водство од 22:11. Во второто полувреме имаа контрола на резултатот, ниту во еден момент не беше загрозена победата, додека во последните минути од мечот, Мотор се избори за подостоен пораз (33:26).

70619652_2973550485993591_3269115212048891904_n

Двојки за следното 3. коло во најсилнаа група Б:

Мотор Запорожје – Вардар

Порто – Киелце

Кил – Мешков Брест

Монпелје – Веспрем