Претседателот на Организацискиот комитет за ОИ во Токио, Јоширо Мори, потврди дека Олимписките Игри ќе се одржат без разлика на зголемениот број на позитивни случаи на територијата на Јапонија.
Македонија има еден директен учесник кој обезбеди „виза“, станува збор за борачот на Вардар, Нуров Могамедгаџи. Тој истата ја потврди во борбата за бронзениот медал против Алишер Јергали од Казахстан. Тој го совлада борачот кој се бореше на домашен душек бидејќи Светското првенство во борење се одржуваше во Нур Сулатан, Казахстан.
Тогаш со пресврт црвено-црниот борач дојде до светска бронза и до квалификации на Олимпијадата Токио 2020, која од лани поради пандемијата е преместена за оваа година.