Црвено-црните добро ја отворија 2021 година, со двете победи во регионалната СЕХА лига над Војводина и Нексе. Избраниците на Алушовски ги очекаат дури шест меча во ЕХФ Лигата на шампионите.
Во првиот меч гостуваме кај португалскиот првак Порто,тимот денеска заминуваа за Софија, од каде што утре ги чека лет до Франкфурт, и потоа до Порто. Составот кој ќе замине за Португалија е истиот кој вчера настапи против хрватски Нексе : Ристовски, Кизиќ, Димитриоски, Дибиров, Чупиќ, Георгиевски, Векиќ, Вујин, Јагуриновски, Талески, Јотиќ, Гаџа, Стоилов, Валчак, Калараш, а во ЛШ ќе дебитира Васко Шеваљевиќ.