Минатата година борач на Вардар направи голем успех, во ова време кога се сопрени сите активности еве ни можност да се потсетиме. Борбата за бронзениот медал на нашиот репрезентативец Могамедгаџи Нуров (-97 кг) против Алишер Јергали од Казахстан на Светското првенство во борење во Нур Сулатан, Казахстан, е прогласена за највозбудливите на финалниот ден од СП. Нуров славеше со 8-5.
Иако губеше Нуров во последните 40-тина секунди направи целосен пресврт и ја доби борбата 8-5 против домашниот борач, кој на своја страна ја имаше целата публика во салата. Ова е голем успех за Нуров на кого на неколку пати му бегаше бронзата од големите натпревари и е прв медал од светските првенства по 1998 година. Тој е првиот македонски спортист што исполни олимписка норма по 12 години.
#ОстаниДома