Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар е на добар пат да ја врати титулата во Скопје од Тетово бидејќи има комотни десет бодови предност пред второпласираниот Силекс и дури единаесет пред големиот конкурент Шкендија на тринаесет кола до крајот на првенството.
И не само што ќе биде шампион на Македонија и ќе ја врати титулата во својте витрини, Вардарци сериозно ќе се „опарат” и ќе добијат најмалку 750 илјади евра од излез во Европа и тоа со само едно коло во ЛШ и Лига Европа, а секое подолго задржување на меѓународната сцена, приходот ќе стане милионски. Тука не ги сметаме и приходите кој нашиот тим би ги добил од продажба на билети, на ТВ права и слично.
Секако пред се во ова, Вардар ќе треба да ја оправда довербата и да ја продолжи доминацијата до крајот на сезоната и најважното, да добие лиценца од УЕФА.