Поради ширењето на корона вирусот, челните луѓе од СЕХА лигата најавија одложување на завршниот турнир во ова натпреварување. Првично, Ф4 турнирот требаше да се одигра во периодот од 3-5 април во Задар, но моментално е невозможно да се одржи во овој период.
Екипите на ППД Загреб и Брест Мешков се првите учесници на завршниот турнир, откако во четврт-финалните двомечеви беа подобри од екипите на Татран Прешов, односно Мотор Запорожје. Многу блиску до Задар се и нашиот Вардар, кој има еден гол предност од првиот меч против Нексе, како и Веспрем кој со „една нога“ е веќе во полуфиналето, откако обезбеди пет гола позитива во однос на Војводина.
Останува прашањето кога ќе се одигра реванш натпреварот на Вардар против Нексе, како и деветтото издание на Ф4 турнирот во СЕХА-лигата.