Wednesday ,03 June 2020
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Преглед 8.коло младинци! РК Вардар Јуниор во комбинација за Ф4
Преглед 8.коло младинци! РК Вардар Јуниор во комбинација за Ф4

Преглед 8.коло младинци! РК Вардар Јуниор во комбинација за Ф4

Пред паузата поради пандемијата во машката ракометна младинска лига се одигра само едно пролетно коло.  Трите водечки екипи дојдоа до победи и ја продолжија борбата за двете позиции кои водат на Ф-4. Металург-2 доби службена победа (0:10) на мечот со Пелистер, а Охрид дома беше убедлив со резултат 32:19 над Еурофарм.

Вардар Јуниор предводен до Будимир и Станковски исто така победи со идентичен резултат како охриѓани (32:19) на мечот на кој во Јане Сандански ја пречекавме екипата на РК Пролет.  Се беше решено по првите 30.минути кога успеавме да поведеме до одум гола повеќе (17-9), вториот дел беше чиста рутина. Кај нас на оваа средба имавме две 7-ци, Марио Мишевски погоди седум пати, толку удари стопра голманот Михајловски Христијан. Савревски Давид погоди шест пати, Чакалиќ Бојан стрелаше во 5 наврата, а четири гола денес впиша Симон Калајџиески.

Резултати 8.коло младинска група-1

РК ВАРДАР ЈУНИОР-РК ПРОЛЕТ  32:19

* РК ПЕЛИСТЕР -РК МЕТАЛУРГ 2 0:10(служ)

ГРК ОХРИД-РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 32:19

* РК РАДОВИШ – РК ПРЕСПА 25:32

На табелата Охрид со 24.бода е речиси со една нога на завршниот Ф-4 турнир се разбира доколку условите во земјава дозволат да се реализира првенството до крајот. Тимовите на Металург-2 и Вардар Јуниор се борат за втората „виза“ која носи на собирот на топ-4 тимови кои ќе атакуваат на круна.

Табелата по 8.кола изгледа вака:

tabellla