Во период кога нема спортски настапни, ви предлагаме да се потсетите на еден од најголемите пресврти на Вардар. На завршниот турнир кој се одигра минатата сезона во Келн, во рамките на Лигата на Шампионите, црвено-црните во полуфиналето ја покорија екипата на Барселона. Иако во еден момент, изгледаше загубен тој дуел, со оглед дека Барса имаше позитива и од осум голови, Вардар се издигна, полека ја топеше негативата и на крајот успеа да слави со резултат 27:29.
Целиот натпревар можете да го погледнете на линкот, ТУКА и да се потсетите на тој „епски“ полуфинален меч на Ф4 турнирот во Келн.