#ОстаниДома и во овие тешки денови погледни го историскиот натпревар на ФК Вардар кој во 2017 година на „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул го совлада големиот Фенербахче со 2-1 и обезбеди пласман во групната фаза на Лигата на Европа.
Oваа голема победа беше историски ден за фудбалот во Македонија, бидејќи Вардар е единствениот тим до ден денеска со настап во групна фаза на едно елитно натпреварување.
Видео, уживајте!
ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Велковски (74’ Глигоров), Новак, Брдаровски, Спировски, Николов, Фелипе, Џигаури (84’ Којашевиќ), Блажевски (62’ Муслиу), Барсегјан.