Европската куќа на фудбалот (УЕФА) донесе одлука да го одложи Европското првенство (ЕП) кое беше предвидено да се одигра оваа година. Коронавирусот ги прекина сите првенства, проблеми настанаа и во плеј-офот, па така, европската куќа на фудбалот мораше да реагира.
Кога се во прашање домашните лиги, најверојатно тие ќе продолжат кон средината на идниот месец и ќе се играат до крајот на јуни што би значело дека Вардар ќе го гледаме на пеколни температури.
Инаку, Македонија – Косово е одложено и официјално, а последните најави велaт дека би можел да биде одигран на 2 јуни, 2020 година.