Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Нуров против Хуштин на ОИ, во 1/2-финале ќе се сретне со „рускиот тенк“ Садулаев
Нуров против Хуштин на ОИ, во 1/2-финале ќе се сретне со „рускиот тенк“ Садулаев

Нуров против Хуштин на ОИ, во 1/2-финале ќе се сретне со „рускиот тенк“ Садулаев

Македонскиот олимпиец во борење слободен стил Могамедгаџи Нуров во осминафиналето на Олимписките игри во Токио ќе се сретне со Александар Хуштин од Белорусија.

Ако го помине Хуштин, Нуров во четвртфиналето ќе се бори со победникот од мечот Стин (Канада)-Конједо (Италија), а во полуфиналето го чека „Рускиот тенк“ и најголем фаворит за златниот медал Абдулрашид Садулаев.

Ова значи дека Нуров можност да се бори за бронзениот медал на Олимпијадата.

Борбите на Нуров во категоријата до 97 килограми се на 6 август од 11 до 13:30 часот, а полуфиналето е закажано од 18:15 до 19:15

Како изјави што пред некој ден неговиот тренер и носител на првиот борнзен медал во независна Македонија на олимпијадите на ОИ во Сиднеј 2000 година, Могамед Ибрагимов, нашиот репрезентативец е подготвен и верува дека може да освои медал.