По првата фаза која започна со собирот на 19-ти во Скопје, на 21.јули кадетската женска селекција на Македонија замина за Маврово каде го одработува вториот дел од подготовките за ЕХФ Шампионатот. Веќе утре девојките се враќаат за Скопје.
Следи неколку дена одмор и потоа заминување на ЕХФ Шампионатот. Во Маврово се 22 девојки па ќе следи кратење на списокот најваројатно на 16.ракометарки кои ќе патуваат за шампионатот. Моментално на овој на играчи кои ги одработуваат подтотовките и пред кратењето кое ќе следи селекторот Савевски ги има следните вардарки: Бојана и Борјана Коцеви, Пешиќ Мила, Јана Равојска, Магдалена Тошевска и Бојана Радевска.
Нема најави и очигледно ни намера да се одигра пријателски дуел, оваа селекција прв пат игра заедно па ова е навистина не објаснива постапка како и неколку други на селекорот и стручниот штаб. Но, засега нема да коменираме колку е тоа умно, за илустрација кадетската машка селекција предводена до Кире Лазаоров одигра досега четири пријателски дуели пред предизвиците на европска сцена во рамки на подготовките.