Ни престои силен меѓународен силен борeчки турнир “Дан КОЛОВ-Никола Петров″ 2019 кој се одржа во градот Русе на реката Дунав, на границата помеѓу Романија и Бугарија. Турнирот ќе се одржува од денес, 28/02 се до 03/03/2019. Ова е голем собир на квалитетни натпреварувачи од целиот свет, на истата ќе има три претставнци на Република Македонија.
Станува збор за двајца поранешни вардарци, Егоров и Зубаиров и вардаровиот борач Нуров. Егоров ќе настапи во категоријата до 61 кг, која не е својствена за него и не се очекува некое постигнување. Зубаиров (86кг) кој е одличен техничар поради нередовнииот тренажен процес исто така тешко ќе се замеша во финалните мечеви. Единствена надеж на овој собир е Нуров, борачот на БК Вардар кој работи целосно посветено и под стручното око на нашиот тим.
Тој ќе настапи во категоријата до 97 килограми. Неговиот прв дуел е предвиден за задутре, 2.март. Од медитеранскиот шампион се очекува медал на овој силен собир. Полани, поточно во 2017 Нуров беше “бронзен“, лани за малку му избега медал и заврши како петти.